Јавна институција
Карток опис на општина Маврово и Ростуше
Општина Маврово и Ростуше се наоѓа во западниот дел на Македонија, таа е погранична општина, на запад се граничи со Албанија, а на северозапад со Косово, зафаќа површина од околу 682 km² и е една од поголемите по територија општини во нашата држава. Една од позначајните карактериситика на оваа општина е тоа што таа претставува ридско-планинско подрачје со голема површина, а мала населеност, односно таа е општина од селки тип со околу 42 селски населби. Релјефот, климата, местоположбата и културните и природните богатства ја прават општината вистинска туристичка атракција, а сето тоа претставува причина повеќе оваа општина да биде посетувана не само од страна на внатрешноста, туку и од страна на странските државјани како од европските така и од другите земји во светот. Позначајни туристички објекти кои се наоѓаат на територијата на оваа општина, а кои вредат да се спомнат се: планините Кораб, Бистра, Крчин и Дешат, реката Радика, Мавровското езеро и уште многу други непомалку значајни туристички атракции.
Во моментов во склоп на општината и општинската администрација функционираат три одделенија и тоа: Одделението за урбанизам, комунални дејности, туризам, угостителство и заштита на животната средина; Одделението за финансирање, буџет и локален развој и за администрирање на приходи и Одделението за нормативно-правни, општи и адимистративни работи и за јавни дејности; со интенција за понатамошно зголемување на нивниот број со што би се опфатиле сите сфери на човековиот живот, а со тоа и би се задоволиле во целост правата на граѓаните во оваа општина и пошироко.
(read less)Јавна институција
Карток опис на општина Маврово и Ростуше
Општина Маврово и Ростуше се наоѓа во западниот дел на Македонија, таа е погранична општина, на запад се граничи со Албанија, а на северозапад со Косово, зафаќа површина од околу 682 km² и е една од поголемите по територија општини во нашата држава. Една од позначајните карактериситика на оваа општина е тоа што таа претставува ридско-планинско подрачје со голема површина, а мала населеност, односно таа е општина од селки тип со околу...
(read more)