
- Средношколски ПленумEducation
- КонтравестиTV Show
- Факултет за електротехника и информациски технологии - ФЕИТCommunity College
- Public RoomArts & Entertainment
- FITNESS CLUB TERMINATOR 1999Gym/Physical Fitness Center
- See Moretriangle-down

Поминаа скоро четири години откако започна борбата за подобро високо образование и подобро студентско организирање. Таа борба беше исклучително исцрпна, тешка, а на моменти делуваше дека ништо не може да се промени. Одржавме маршови, протести и окупација на факултетите, за да укажеме дека ни е важна универзитетската автономија, дека ни се потребни поголеми права и поквалитетно високо образование. Во тој процес, огромна поддршка имавме од многумина студенти, професори, родител...и и граѓани, на кои сме им неизмерно благодарни. Сметаме дека успехот кој го постигнавме е заеднички.
По 4 години, конечно имаме нов Закон за високото образование, во кое студентското тело организирање е предвидено како тело кое е во рамките на Универзитетите, а не како невладина организација. Се надеваме дека овој закон ќе успее да биде добра основа за поквалитетно високо образование, кое на Република Македонија ѝ е насушно потребно.
Во наредниот период ќе биде многу важна имплементацијата на новиот закон, но и спроведувањето на студентските избори, кои треба да бидат демократски и транспарентни.
Сакаме Студентскиот пленум да остане едно убаво и многу важно сеќавање. Се надеваме дека нашата приказна ќе биде мотивација за генерациите по нас, тие да бидат коректив на секоја влaст и да се борат за студентските и општествените права во иднина.
А сега, #ПоздравПленумци
Во време кога сите молчеа, тие први ни ја дадоа потребната поддршка. Затоа, сметаме дека како симбол на отпорот и како лице и звук на младите, Бернејс Пропаганда ја заслужуваат во овие моменти нашата поддршка во нивната борба против неправдите кои им се нанесени.
Властите мора да одговорат на нивните барања и во најбрз можен рок да ги пронајдат виновниците и да ги исправат своите грешки.









































