Божидар Божиновски
about a year ago

Во чест на Вања, болиш.

Име и презиме Вања Ѓорчевска, возраст секогаш (14)

Утрото тој ден се престори на погрешен колосек ...
Место сонце изгреа мрак, место ден падна ноќ, пак
Потемна од други да го скрие она што сите го баравме - иницијали В. Ѓ. (14) и едно детство.

Баравме живот, не најдовме, баравме насекаде, немаше
Чекавме добра вест, не ја чувме
Чекаа чекори назад кои се враќаат дома
Чекаа прегратка која се лади
Баравме, чекавме…

Иницијали В. Ѓ. возраст секогаш (14) и нема 15, 16, матурско табло, љубови од факултет, апсовентска, ни радост, ни тага, ни солза, ни насмевка. Само празнина.

Премлада за вечност, а замина во неа.
Цветот можеш да го скинеш, а останува коренот да го боли.

See more
1.4K
20
176